еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините покапуваат за два, а дизелот 1,5 денари

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на Еуродизел (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Еуросупер БС – 95 од утре ќе се процава за 73 денари, Еуросупер БС – 98 за 75, Еуродизел БС (Д-Е V) за 64,50, а Екстра лесното масло за греење за 64,50 денари за литар.

За 1,526 денари се зголемува и цената на Мазут М-1 НС, и еден илограм ќе чини 40,053 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 5,848%, кај дизелот за 4,015%, кај екстра лесното масло за 5,285% и кај мазутот за 4,763%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,31%, велат од РКЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 највисоки плати во октомври

Редакција

Итна неодложна измена на роковите за поднесување на завршни сметки, бараат од Сојузот на стопански комори

Редакција

Од „Македонијалек“ ќе се бара максимална казна од 70 илјади евра за техничката грешка со декларацијата на МРП вакцините

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница