еМагазин
Image default
Македонија

Поради здравствени причини на обвинителот и на дел од обвинетите одложено рочиште за “ТНТ“

Поради спреченост на обвинителот и на дел од обвинетите, за 22 декември е презакажана главната расправа за  предметот „Т.Н.Т.“ што требаше да се одржи денеска, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

-Главната расправа за предметот со КОК бр. 53/17, од Обвинителството означен како „Т.Н.Т.“, насрочена за 14.12.2021 година се презакажува заради спреченост на обвинителот и дел од обвинетите да присуствуваат на судењето од здравствени причини, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Следниот термин за продолжување на главната расправа, како што посочуваат од Судот е на 22 декември од 10:00 часот за што, како што велат, веќе се известени странките во постапката.

Случајот „Т.Н.Т“ се однесува за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски.

Обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предметот ТНТ за уривање на Космос е пред крај, откако доказите на одбраната се одбиени

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„И да пукате тешка артилерија, промената започна и нема да запре,“ вели Таравари за пронајдениот куршум во неговиот двор

Редакција

Фактот што пристапните преговори не можат целосно да започнат додека не се смени Уставот е голем товар за Македонија, вели министерката за ЕУ на Австрија, Едштадлер

Редакција

Повеќе имиња се под проверка за црната листа на САД, откри амбасадорката Агелер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница