еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Струјата во првата половина на 2022 година ќе поскапи: ЕСМ понуди струја за 13,6% повисока од сегашната

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешните тендери за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на своите потрошувачи за периодот јануари-јуни 2022, доби понуда само од АД ЕСМ, информираат од ЕВН Македонија.

„АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален санабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас.

АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година.

Добиената купопродажна цена е за 13,6% повисока од претходната, која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот јули-декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален снабдувач,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д.Н.О. со прв акустичен концерт по 20 години – на 25. мај во МКЦ

Редакција

Колкави приходи имале лани Антена 5, Канал 77, Метрополис и Јон

Редакција

ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница