еМагазин
Image default
Локално

Кои се најдобрите трговски објекти за 2021 во категоријата апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома

Град Скопје ги прогласи најдобрите трговски објекти за 2021 година, како дел од традиционалната манифестација „Месец на трговијата“.

Најдобрите трговски објекти во категорија апарати за домаќинство, бела техника и сѐ за дома се: „Техномаркет“, „Нептун“ и „Сетек“.

Проектот „Месец на трговијата“ традиционално се спроведува петнаесетта година по ред од Град Скопје во соработка со агенцијата SWOT Research.

Оваа година проектот се реализираше во периодот од 1 до 25 ноември. Најдобрите трговски објекти се избираат по пат на независни и објективни тајни купувачи (mystery shopping), кои со вкупно 723 посети во 241 трговски објект го оценуваа квалитетот на услугата според седум елементи – изглед на продажното место, Ковид-19 критериуми, услуга кон купувачите, продажни вештини, завршен контакт и задоволство од купувачкото искуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најдобрите трговски објекти за 2021 во категоријата модни додатоци и накит

Фото: Фејсбук/Техномаркет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина пешак по удар од „опел астра“ на булеварот Александар Македонски

Редакција

Сѐ уште се трага по исчезнатите лица во реката Лепенец

Редакција

Жена од Охрид загина во сообраќајка на магистралниот пат Тетово – Гостивар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница