еМагазин
Image default
Македонија

Данска ги призна македонските возачки дозволи

Од денеска нашите возачки дозволи се признати и во Данска. Последните информации кои пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Македонија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук.

Со оваа одлука граѓаните на Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит.

– Конечното решавање на ова прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Данска е од голема важност за нив и се надминува еден деценски проблем што го обременуваше нивниот секојдневен живот таму, имајќи ја во предвид и бројноста на нашата дијаспора во Данска. Дипломатијата во служба на дијаспората, напиша Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Приведени тројца повратници на ИСИС кои во Македонија планирале терористички напади

Редакција

На следното рочиште за „Титаник“ ќе сведочи и Заев

Редакција

Од нарачани 400.000 пристигнале само 20.000 обрасци за пасоши со „Северна“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница