еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Смена во МЕПСО: Кој е Орхан Муртезани од Алтернатива, кој треба да го наследи Куштрим Рамадани од ДУИ на директорското место

Орхан Муртезани е предложен за нов директор на МЕПСО, од страна на Алтернатива, која синоќа на Централното претседателство предложи кадри за министри, заменици-министри и директори на јавни претпријатија.

Кој е Муртезани

Муртезани е еден од основачите на Алтернатива, член е на Централно претседателство, а долго време беше и портпарол.

Тој извесно време ја вршеше и функцијата директор на АД Македонски железници – Транспорт.

Во неговата биографија пишува дека роден е во Сарај, Скопје.

По професија е економист. Дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил на Универзитетот „Мармара’’ во Истанбул на отсекот Менаџмент и организација.

Течно зборува англиски и турски јазик.

Предлозите на кадри од страна на Алтернатива, се резултат на договорот за влез на партијата во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите заменици-министри и директори, кои ги понуди Алтернатива

Кој е Беким Сали, за кој Алтернатива одлучи да биде новиот министер за здравство

Фото: Фејсбук/Муртезани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Renewable Energy Supply снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор, носители на економскиот живот во државата

Редакција

Доколку планирате да патувате во Италија: Штрајкот приземји речиси 1.000 летови

Редакција

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини: На врвот Чаир, Гази Баба, Аеродром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница