еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притвор за девет лица од приведените во полициската акција во Куманови и Скопје

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беа спроведени девет лица осомничени, дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

– По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осум од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на
еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од осум дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постака, соопштија синоќа од Основен кривичен суд Скопје.

Според решенијата за опредлеување мерка притвор, се наведува во соопштението, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП, односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото.

Против овие решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени десет лица меѓу кои и полицајци и царинарници во полициската акција во Куманово, Скопје и Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за пронајдениот куршум во дворот на Таравари

Редакција

Државниот инспекторат за животна средина цел на хакерски напад

Редакција

Судење за „Трезор“: Мијалков во Лондон не договарал набавка на опрема за УБК, тврди неговата одбрана

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница