еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од пожариве летово штета од 2,3 милијарди денари, изгореа 482.106 метри кубни дрва

Во периодот јуни – септември годинава, во земјава имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 хектари површина под шума.

Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482.106 кубни метри, а износот на проценетата материјална штета е 2.318.091.000 денари, покажува статистичкото истражување што го спроведе Државниот завод за статистика (ДЗС) во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Целта на истражувањето, велат од ДЗС, е да се обезбедат сознанија за големината и штетата од пожарите што ја зафатија Македонија изминатото лето.

Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 проценти, шумите од иглолисни видови со 10,1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој им се заканува на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

Каков имот пријавил Назим Буши, заменик министерот за внатрешни работи

Редакција

(Фото) Откри ли повторно Александра Заева, каде е на скијање татко и?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница