еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Скопје се тркаа дедомразовци

По една година пауза поради ковид кризата, на плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се одржа традиционалната Дедомразовска трка, во која учесници од најразлични возрасти облекоа дедомразовски костум и ја истрачаа патеката од два километра.

Миомир Алесовски, победник од трката во 2019 година и овојпат прв ја истрча патеката. За него ваквите настани претставуваат убав начин да се подигне предновогодишното расположение.

-Секогаш да се истрча и да се биде на првото место е успех пред се за себе. Мојот мотив беше да ги израдувам моите најмили, најблиски. Ќерката имаше желба да се качи на подиум оваа година, па со неа ќе ја подигнеме првата награда, истакна Алексовски.

Додаде дека во новата година посакува здравје и пандемијата да заврши што поскоро.

-Посакувам само здравје, да се пазиме и што побрзо да заврши оваа пандемиска криза. Да се надеваме на подобра следна година. Ваквите настани се доста позитивни, неколку  месеци скоро исчезнаа овие настани, впрочем и сите собирања, меѓутоа секоаш за нас што трчаме со желба ги очекуваме овие настани да се натпреваруваме, да го дадеме најдоброто од себе.

Инаку, короната не ме отскокна ни мене, една недела пред скопски маратон, и не успеав да го трчам. За среќа помина се како што треба и ете се вративме храбри и посилни, изјави тој.

Патеката има можност да ја истрчаат и учесници со своите деца и миленици.

Пред и по трката посетителите уживаа во музичка програма, а учесниците се загреваа со фитнес инструктор.

Трката е во оранизација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Кока-Кола и Градот Скопје.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светска банка: Корона вирусот може да го зголеми бројот на сиромашни во Македонија до 130.000 лица

Редакција

Шекеринска во Скандинавија, Османи во Албанија, Анѓушев во Грција: Каде министрите ќе одат на одмор

Редакција

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен доаѓа во Македонија на крајот од месецов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница