еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пациент запалил цигара во болничка соба за кислородна поддршка, со навремена реакција спречена експлозија

Пациент сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија во Скопје синоќа ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата и тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите, информира Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека дежурниот медицински пероснал брзо реагирал и дотокот на кислород навреме бил исклучен, со што била спречена експлозија.

– Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а во болничката соба оштетен е мал дел од подот, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од приведувањето на Бојко Борисов

Редакција

Убава вест: 88 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Мапа) Детален преглед: Број на заболени со коронавирусот по градови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница