еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Новите лекови ќе ја олеснат борбата против Ковид-19 во 2022 година, смета директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге

Новите лекови против Ковид-19 во 2022 година значително ќе ги подобрат шансите за преживување на тешко болните пациенти заразени со новиот коронавирус, изјави директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

– Јас сум ентузијаст за новите антивирусни лекови кои најверојатно ќе се појават на пазарот во 2022 година и кои значително ќе ги зголемат шансите за преживување на пациентите примени во болница со тешка форма на Ковид-19, рече тој.

Клуге нагласи дека вакцините од следната генерација ќе бидат поефикасни против новите варијанти на коронавирусот што ќе се појават низ целиот свет.

– Не можам да ја предвидам иднината. Но, треба да се забележи дека сегашните вакцини се првата генерација вакцини за Ковид-19. Идните вакцини ќе бидат поусовршени и приспособени на новите варијанти, што ќе ги направи поефикасни.

Тоа е процес сличен на оној што веќе се случува со вакцините против грип, кои речиси секоја година се приспособуваат на новите соеви, објасни тој.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН склучи договор од 587,7 илјади евра со „Евроградба-инженеринг“

Редакција

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив и праг од еден отсто и воопшто да нема праг за независните листи

Редакција

Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5%, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница