еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за половина денар

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денари и ќе изнесува 64 денари, додека бензините поскапуваат за половина денари и ќе се продаваат по цена од 73.50 денари за литар БС-95 и 75,50 денари за литар БС – 98.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува 64 денари/литар, додека мазутот М-1 НС поевтинува за 0,504 денари за килограм и сега ќе изнесува 39,360 ден./кг.

Во образложението на одлуката со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,238 отсто, кај дизелот за 0,08 проценти, кај екстра лесното масло има намалување за 0,112 отсто и кај мазутот намалувањето е за 1,447 процети, додека во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,154 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи деливери солушнс“ го доби тендерот на Министерството за транспорт за набавка на струја вреден 76.000 евра

Редакција

Македонија во топ три земји по бројот на посети на Халкидики и Солун, но не и според потрошувачката

Редакција

Многу даноци, многу нејаснотии: УЈП со брошури ги запознава граѓаните со оданочувањето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница