еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

За повесели празници – тимот на Мтел ги израдува децата од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух со новогодишни пакетчиња

Новогодишните и Божиќните празници се време за радости, убави моменти, време за да споделиме среќа и да подариме насмевки.

И токму со таа мисија дел од тимот на новиот македонски телекомуникациски оператор, Мтел денеска го посети Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и ги изненади дечињата со новогодишни пакетчиња, информираат од таму.

„Претстојните празнични денови се најмагичниот и највеселиот период од годинава, а подароците се убав начин дополнително да им ги разубавиме овие денови на децата.

Среќни сме што имавме можност да ги израдувавме децата кои го посетуваат Заводот и да им’ посакаме среќни празници. Да направиме нешто повеќе заедно за повеќе детски насмевки, за радост и убави моменти за сите во Новата 2022 година“, велат од тимот на Мтел.

На децата од Заводот за рехабилитација вработените во Мтел им поделија 70 новогодишни пакетчиња посакувајќи им многу исполнети желби, а на вработените во Заводот добро здравје и успешна работа во Новата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика во време на изолација поради коронавирусот

Редакција

(Фото-вест) Настан каде можете да купите вистински мед: “Пролетни медени денови“ во Скопје

Редакција

А1 Македонија ја збогатува Black Friday понудата: Слушалки, еко-торба и 3 месеци бесплатен A1 Xplore Music by Deezer, со A1 Neon и A1 Neon+

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница