еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишна донација на Sport Life

Во пресрет на новогодишните празници Sport Life донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливите категории, информираат од таму.

Во текот на минатата и оваа недела претставниците на Sport Life ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово и притоа ги израдуваа со новогодишни пакетчиња.

„Најголема и најважна е радоста и среќата на децата, затоа за новогодишните празници Sport Life својата хумана мисија ја насочи кон децата од ранливите категории, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, со желба да им ги разубавиме новогодишните празници и да им посакаме радосно и безгрижно детство.

Воедно, во оваа пригода Ви ја честитаме Новата Година и ви посакуваме најубави желби и среќни празници на сите“, истакнуваат од Sport Life.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извлечен е првиот „Гранд милионер“ за оваа година

Редакција

Денеска во Скопје почнува деветтиот Викенд на гордоста

Редакција

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница