еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство ќе го гони професорот од Струга, кој со железен боксирач удри ученик

Струшкото Основно јавно обвинителство поднесе Обвинителен предлог против 57-годишен професор од Струга, за сторено кривично дело „насилство“ од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Струга.

– Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија.

Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата.

Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, објаснуваат од струшкото обвинителство.

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумдневен притвор за професорот од Струга, кој со метален предмет претепа ученик

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НБ-Цомпану склучи договор вреден 23 милиони евра за втората фаза за изградба на нов објект за театар и библиотека во Тетово

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 830 пациенти заболени и суспектни на Ковид-19

Редакција

Османи: Европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денес е нарушен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница