еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска сончево и топло, од четврток промена на времето

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава.

Претпладне, според најавите на синоптичарите, можна е појава на магла по одделни котлини и речни долини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 0 степени и максимална до 11 степени.

Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини.

Од четврток попладне веќе следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само 10 се на ДУИ: Кои се кандидатите за пратеници на коалицијата „Европски фронт„

Редакција

Реплек ќе дели дивиденда, како се движеше цената на акцијата на компанијата лани

Редакција

Палевски тврди дека доказите против него биле фалисификувани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница