еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Митрополит г. Петар: Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го сретне својот ближен и ќе му посака секакво добро

Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го сретне својот ближен, па поттикнат од љубов, ќе му посака секакво добро, истакна во својата Божикна порака, митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.

Митрополитот г.Петар нагласува дека Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го подигне паднатиот, ќе му подаде рака на стариот и немоќниот, ќе му пружи утеха и лек на болниот.

-Христос се раѓа во оној, кој поколебаниот ќе го охрабри и со осамениот збор-два ќе размени. Христос се раѓа во оној, кој ја гледа добрината во децата, полетот во младите и грижата на родителите и старите.

Христос се раѓа во оној, кој денес скараните ќе ги измири, навредените и натажените ќе ги утеши, а на невоздржаните и исполнетите со омраза, ќе им прости, посочи митрополитот г. Петар.

Тој додаде и дека Христос се раѓа во секој од нас, кој работи и мисли на должностите, на задачите, на работата, на обврските, кој сето ова го чувствува како повик од Бога, а притоа заборава на својата користољубивост, заработка и интерес.

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски утре во утринските часови ќе богослужи во Храмот „Св.Великомаченик Димитриј“, по повод големиот христијански празник Божик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Божиќна порака на г.г. Стефан: Сите неприлики на современото човештво доаѓаат од моралната криза

Божиќен расказ за Христовото раѓање: Смислата на празникот е спротивно на се што правиме

Значењето на Бадник: Првите гласници на празникот се децата коледари, известувачи за Божиќ

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Николов: Ако не ја забрзаме вакцинација, ризикуваме четвртиот бран да биде голем и да имаме зголемен број на починати

Редакција

Епидемиологот Олумчев: Трета доза не значи неквалитетна вакцина, туку засилување на имунитетот

Редакција

Објавен видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница