еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР потврди, бугарскиот премиер Петков на 18 јануари доаѓа во Скопје

Министерството за надворешни работи (МНР) денеска соопшти дека висока делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков на 18 јануари ќе ја посети земјава.

Во придружба на бугарскиот премиер, како што соопшти МНР, ќе бидат и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев.

-Посетата е планирано да се реализира веднаш по стапувањето во функција на новата Влада на Република Северна Македонија, со што двете држави сведочат за важноста која ја придаваат на меѓусебните односи и соработка.

На средбите се очекува да се реафирмираат досегашните резултати и постигнат напредок, како и да се воспостави дополнителна интензивна комуникација во насока на надминување на разликите за важни билатерални прашања меѓу двете земји, наведува МНР.

Во фокусот на разговорите, според Министерството, ќе бидат доследната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во август 2017 година, како и продолжувањето на напорите за исчекор во обидите да се обезбеди поддршка за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е приватно и службено, Кирил Петков, можниот иден премиер на Бугарија

Фото: Петков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притворениот директор на Геријатрија исклучен од Алијанса за Албанците

Редакција

(Видео) Во Собрание спречена тепачка меѓу Апасиев и Костовски од СДСМ

Редакција

(Фото) Шилегов ја пречека со цвеќе: Данела Арсовска официјално ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница