еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силен земјотрес во Лерин, почуствуван и во Македонија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерoвата скала беше регистриран 17 минути пред полноќ по локално време во близина на границата на Грција со Северна Македонија, а беше почувствуван и во нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот инсититут на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил шест километри северозападно од градот Лерин.

За нешто помалку од 40 минути по силниот земјотрес, во поширокиот регион на Лерин беа регистрирани уште седум помали земјотреси, од кои еден од 4,2 степени, еден од 3,9 и два од 3,5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поплава во СЈО уништи и оштети докази за „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Редакција

Макпетрол ги намали цените на природен гас и метан за декември

Редакција

11 лица биле на возраст од 20 до 49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница