еМагазин
Image default
Македонија

Во штипскиот регион над 70% од активните ковид случаи се на возраст од 20 до 35 години

Зголемен е бројот на граѓани, кои со симптоми бараат тестирање за коронавирусот во штипскиот Центар за јавно здравје. Деновиве на пунктот се тестираат околу 40 граѓани.

Директорката на Центар за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека доминира помладата популација и од 184 активни случаи во Штип, над 70 отсто се на возраст од 20 до 35 години.

Забележува дека согласно анкетите, вирусот се раширил за време на новогодишните празници, кога младите се групирале во затворен простор.

Во текот на минатата недела кај нив се пријавени 10 случаи на грип, додека оваа недела немаат пријави. Посочи дека епидемиолог од Центарот за јавно здравје апелира до матичните лекари, но и до надлежните во Клиничка болница да ги пријавуваат случаите со грип. Во моментов циркулира инфлуенца тип А.

Во штипскиот Ковид центар хоспитализирани се 25 пациенти, а во изминатите 24 часа имале пет нови приеми. На кислородна поддршка се вкупно 17 пациенти, а во дневната амбуланта имале 40 прегледи. На инфективното одделение има 25 слободни болнички кревети.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадор да може да биде и лице кое има и државјанство на друга држава, предлага група пратеници

Редакција

Ѓорги Спасов за трите услови на Петков: Сите барања треба да им бидат вратени по пошта со назнака “погрешна адреса”

Редакција

Државниот обвинител Јовески: Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница