еМагазин
Image default
Македонија

Истрагата за загинувањето на двајцата алпинисти во рудникот „Бучим“ се уште е во тек

Три месеци по загинувањето на две лица во Рудникот „Бучим“ кај Радовиш се уште трае истрагата за причините за овој трагичен настан во кој загинаа двајца членови на Алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси.

Од Јавното обвинителство информираа дека ОЈО Радовиш при вршење на увидот издало насоки и наредби за обезбедување и вештачење на траги и докази од местото на настанот.

-Издадени се барања за податоци, документација. Сослушани се повеќе лица кои можат да дадат податоци потребни за расчистување на настанот. Обвинителството ги очекува извештаите од наредените вештачења.

Во меѓувреме се преземаат и други дејствија во насока на утврдување на факти во предметот. По прибирање на материјалните и вербалните докази, нивно разгледување и анализа, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, стои во информацијата од ЈО.

Во несреќата, која се случи на 13 октомври лани загинаа алпинистите Зоран Мајсторски и Драган Станишков и двајцата од Радовиш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алпинистите кои загинаа во рудникот Бучим биле на возраст од 20 и 45 години: Детали за трагедијата од Обвинителството

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Редакција

Рекордни 594 регистрирани од Ковид-19 од 2.617 тестирања, најмногу во Скопје 303

Редакција

Одново ќе му се суди на Даравелски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница