еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од петок влажен бран со врнежи од снег

Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок.

Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните
делови посончево. Во западните делови на повисоките места и на планините попладне ќе има повремени слаби врнежи од снег, а на пониските места од дожд.

Кон крајот на денот повремен снег ќе има и во североисточните делови. Попладне ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје времето е променливо облачно со слаба магла. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Центрум компани“ го доби тендерот на општина Сарај за набавка на возила вредни 84.000 евра

Редакција

Возило излетало на пруга, во спасувачка акција извлечени две лица

Редакција

Меџети од “огнените“ денеска почна процедура за формирање на ново движење

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница