еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Спорот со Бугарија мора билатерално да се реши, порача германската министерка за Европа, Лирман

Германија е сериозна со ЕУ-перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Макеоднија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети. Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат, Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа, рече германската министерка за Европа, Ана Лирман на денешната заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Лирман потенцира дека билатерталните прашања мора да бидат билатерално решени, незвисно од пристапниот процес со ЕУ. Додаде и дека нашата земја и Бугарија активно работат на решение на блокадата.

-Северна Македонија консеквентно продолжува да чекори по патот на реформите и владеењето на правото што е исто така сигнал во правец на ЕУ. Би сакала да Ве охрабрам да останете на тој пат, истакна министерката, дополнувајќи дека без борба против корупцијата ниту една земја не може да се развива.

Министерот Маричиќ претходно нагласи дека Северна Македонија е одлучна за отворените прашања со Бугарија да разговара отворено, искрено и принципиелно.

-Од големо значење за целокупниот преговарачки процес ќе биде и ЕУ да даде свој придонес со кој ќе покаже дека се уште е жива агендата за проширување, подвлече Маричиќ.

Тој нагласи и дека денешната посета на Лирман, на првиот ден од новоформираната Влада, е од исклучително значење, но претставува и афирмација на германската поддршка за македонската европерспектива и за интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

МИА/Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски: „Цунамито немилосрдно се доближува, вакцините се далеку од совршено оружје, но се уште се единственото оружје против Ковид-19“

Редакција

Каков имот пријавил Влатко Ѓорчев, националниот кординатор за демографија, млади и човечки ресурси

Редакција

(Видео) Напад на Украинците на Русија: Во Белгород со хеликоптери уништија скалидиште со нафта, тврди Москва

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница