еМагазин
Image default
Бизнис

Прогласена кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

Одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија донесе на седница Владата, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

-Со одлуката се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, соопшти владината прес-служба.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, на предлог на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија која што ја формираше Министерството за економија, ќе се преземат мерки и активности во врска со обезбедување дополнителни количини на топлинска енергија согласно утврдената кризна состојба, согласно Законот за енергетика и Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на топлинска енергија, најавуваат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје поднесе кривична за цементарницата Усје

Редакција

Логистичкиот центар на „Лидл“ во Македонија ќе биде во Куманово?

Редакција

Комисијата за заштита на конкуренцијата вработува раководители, советници и соработници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница