еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бугарија ја промени одлуката: Македонските граѓани сепак ќе може да влегуваат во државата од 20 јануари, со задолжителен ПЦР-тест

Министерство за надворешни работи на Македонија (МНР), информираше дека по интензивната комуникација меѓу двете земји, надлежните институции на Република Бугарија, донесоа нова одлука за влез во Бугарија на нашите државјани.

„Поради влошената епидемиолошка ситуација, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.

Имено, со најновата одлука на бугарските власти, а која ќе стапи на сила од 20 јануари (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија при приложување на валиден сертификат за вакцинација против Ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.

За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест,“ се вели во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради ковид-состојбата, Бугарите забранија влез за граѓаните од Македонија од 19 јануари

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња од аферата „Тајни имоти“

Редакција

Буџет за 2019 година: Владата одвои повеќе пари за претседателот Ѓорѓе Иванов

Редакција

(Видео) Пет и пол месечната Ана по успешно изведена ретка интервенција си замина дома

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница