еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од донор кај кој е потврдена мозочна смрт, млад пациент доби срце, а двајца пациенти бубрези

Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт, информираат од Министерството за здравство.

“По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега.

Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.

И за тоа сме им бескрајно благодарни.

Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како идеја се претвори во успешна хуманитарна акција: Се подготвува испорака на 20.000 визири на МВР и АРМ, до сега се поделени 10.000 на здравствените работници

Редакција

Топлиот бран ќе трае до среда: Сончево и многу топло време и денеска

Редакција

„Сменивме име за Украина и Молдавија да влезат во ЕУ„: Твитер реакции за Самитот во Брисел

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница