Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска дојде во Кривичниот суд, на судењето за “Плацови на Водно”, пренесува Фокус.
Тој отсуствуваше на минатото рочиште, бидејќи се наоѓаше во изолација по позитивен тест за Ковид-19.
Пред да влезе во судницата Мијалков беше прашан од новинарите: “кој е рецептот за милионите”, алудирајќи на неговата гаранција од 11 милиони евра, со која излезе од затвор.
Мијалков одговори дека нема рецепт.
“Немам таков рецепт”, рече Мијалков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Не бегам, зошто да бегам“, рече Мијалков по излегување од затворот во Шуто Оризари
Фото: МИА