еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево и малку потопло, со слаб ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот ќе има појава на краткотраен дожд, кој понекаде може да замрзнува и кој во повисоките делови ќе биде од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 8 степени.

Утре кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови ќе има локални врнежи од снег. В сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура.

Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски објаснува како Ковид-19 влијае на сперматозоидите во спермата

Редакција

Зголемен ризик за воспаление на срцевиот мускул по зараза од Ковид-19

Редакција

Се влошила состојбата на Зоки Фаци, туморот метастазирал на коски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница