еМагазин
Локално

Поскапе авто-такси превозот во Битола

Советот на Општина Битола донесе одлука со која од денеска е утврдена нова цена на авто-такси превозот, на подрачјето на Општина Битола.

Пресметување на цената на превозот и услугите во авто-такси превозот на патници ќе се врши според нова тарифа, односно заштитна цена од 60 денари старт со вклучен еден километар возење, а за секој нареден изминат километар дополнително ќе се пресметуваат по 25 денари.

Со донесената одлука од Советот на Општина Битола, која е во сила од денеска, авто-такси превозниците се обврзуваат на видно место во автомобилот да ја истакнат тарифата за пресметување на цената за извршена услуга и задолжително да издаваат фискална сметка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гевгелија го доби новиот „Тони Манџа“: Украл 24 стебла марихуана од полицијата

Редакција

Притвор за Британец со потекло од Битола осомничен за продажба на дрога во градот

Редакција

Еден загинат и петмина повредени во сообраќајка кај Свети Еразмо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница