еМагазин
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Ковид-пандемијата создаде над 200.000 тони медицински отпад

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше во светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА.

Според проценките на СЗО, од почетокот на пандемијата милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање.

Дополнително, само меѓу март 2020 и октомври 2021 година Обединетите нации имаа испорачано 87.000 тони заштитна облека.

Германската агенција, повикувајќи се на СЗО, пренесува дека тестовите за коронавирусот се дополнителни 2.600 тони отпад и 731.000 литри хемиски отпад.

Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките, дополнува СЗО.

– Ковид-19 го принуди светот да се пресмета со празнините и запоставените аспекти на протокот на отпад и како ги произведуваме, користиме и отфрламе нашите ресурси за здравствена заштита, од колевка до гроб, изјави Марија Неира, шеф за животна средина, климатски промени и здравје во СЗО.

Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, комплети за тестирање и прибор за вакцинација.

Уште пред пандемијата, СЗО предупреди дека една третина од сите здравствени установи не се во можност правилно да го фрлаат својот отпад.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браво за Велес: Парите за новогодишни украси и календари ќе ги додели на 100 социјално загрозени семејства

Редакција

Каков имот пријавил Кирил Колемишевски, кој е предложен за нов заменик-министер за економија

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Теиком тим“, вреден 2,8 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница