еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советот за безбедност: Безбедносната состојба во земјата е стабилна, направени се сите подготовки за можните сценарија во Украина

Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија, информираше по денешната 14-та Седница на советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски.

Во однос на тензиите на украинско-руската граница, Пендаровски изјави дека Северна Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.

– Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика, изјави Пендаровски.

Во тој дел од светот, нагласи Пендаровски, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму.

Во однос на состојбите на регионот, Советот заклучи дека со засилената дипломатска активност на меѓународната заедница во последниот период, тензиите се делумно намалени, со што се отвора простор за повторно воспоставување на дијалогот како единствен начин за надминување на проблемите.

На седницата на Советот, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, присуствуваа претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, професорот на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор, Трајан Гоцевски, а на покана на шефот на државата присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски војници нема да одат во Украина доколку избие конфликт, вели Пендаровски

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата им држат лекции на возрасните: Девојчиња од Скопје изработија накит за да и помогнат на Луна од Гевгелија

Редакција

Ниту еден пратеник или вработен во собраниските служби нема да оди во изолација

Редакција

Македонија навлечена на седативи: Жените „позависни“ од мажите, најчесто ги земаат за релаксација

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница