еМагазин
Image default
Бизнис

Македонските граѓани кои не се вакцинирани со трета доза, по влез во Холандија ќе одат во карантин

Од утре за македонските граѓани кои ќе патуваат во Холандија, ќе важат нови услови за влез.

Холандија ја стави Македонија на листата на земји со многу висок ризик од зараза со Ковид-19, па патнициве од земјава кои се вакцинирани или имаат доказ за прележан Ковид-19 ќе мора да одат во карантин, ако не ја примиле третата доза од вакцината.

Останува и обврската за влез во земјата да се поседува и негативен тест за Ковид-19.

Третата доза треба да се прими најмалку седум дена пред доаѓањето во Холандија, за да може да се избегне карантинот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционер доби „тежок“ судски спор против Стопанска банка Скопје за исплата на дивиденда

Редакција

Андреа Серафимовски се стекна со 1.550 акции од „Гранит“

Редакција

За разлика од кај нас, во соседните земји листите на производи со ДДВ се многу појасни, вели Гацов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница