еМагазин
Image default
Техно

Апликацијата Мојот А1 со нова функционалност – Дигитален техничар, достапен 24/7

Како компанија посветена на обезбедување целосно дигитално корисничко искуство, А1 Македонија континуирано работи на унапредување на функционалностите на дигиталните алатки достапни за корисниците и со задоволство најавува нова функционалност на апликацијата Мојот А1.

Од денеска, апликацијата Мојот А1 е збогатена со Дигитален техничар преку кој корисниците добиваат можност за брза асистенција и решавање на евентуални потешкотии со фиксни услуги, информираат од таму.

Функционалноста Дигитален техничар е достапна преку апликацијата Мојот А1 и веб порталот на А1 Македонија и тоа 24 часа, седум дена во неделата.

Дигиталниот техничар со голема брзина дава насоки и им нуди на корисниците чекор-по-чекор инструкции за едноставно и брзо решавање на евентуални потешкотии поврзани со интернет, телевизија и фиксен телефон без да имаат потреба да се јават во Контакт центарот.

Пристапот до новата функционалност е едноставен, со влегување во апликацијата Мојот А1 и клик кон новата функционалност Дигитален техничар.

Дополнително, услугата дава можност и за проверка на сите функционалности на фиксни услуги и поврзани уреди, односно активирани ТВ пакети и дава можност за менување на поставки на Wi-Fi мрежата.

Преку услугата, корисниците добиваат можност и да пријават потешкотија, доколку Дигиталниот техничар не може да ја реши со што се скратува времето од пријавување до техничка интервенција.

Дигиталниот техничар е достапен за А1 корисници кои користат фиксни услуги, а можат да пристапат преку мобилната апликација Мојот А1, достапна на Google Play, App Store и App Gallery, како и преку официјалната веб страница во делот A1 Guru на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Електронското пријавување на сезонските работници може да биде пример и за Македонија

Редакција

Форд со teaser од новото електрично возило

Редакција

Телефон кој долго се очекуваше: Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница