еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сончево и топло до петок, викендот облачно и постудено

Сончево и потопло време ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за појава на слаба магла, во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

И утре ќе преовладува сончево и потопло време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини.

Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Присуството на бугарскиот конзул за време на увидот во „Ванчо Михајлов“, Комисијата за заштита од дискриминација го доживува како обид за влијание

Редакција

Бројот на странски туристи се зголемува, на домашни се намалува

Редакција

Не e точно дека подмочувањето е нормална работа за жените кои родиле

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница