еМагазин
Image default
Македонија

Еден од обвинетите позитивен на Ковид-19, одложено судењето за „Топлик“

Судењето за „Топлик“ се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на Ковид-19.

На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови.

Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари бил доставен поднесок со прилог медицинска документација по кое судот утврдил дека обвинетиот е спречен да присуствува на денешната главна расправа поради инфекција со Ковид-19, утврдена на 5 февруари од страна на ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“.

Во случајот „Топлик“ првообвинет е екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот, кој беше отворен од поранешното Специјално јавно обвинителство се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изменетиот Закон за медиуми, со кој онлајн медиумите ќе се регулираат, помина на Влада

Редакција

Филипче најави нови поликлиники во Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Аеродром и Ново Лисиче

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 56 лица, приведени 36

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница