еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Генчовска пред состанокот во Софија: Бугарија бара целосна примена на Договорот за добрососедство и почитување на правата на Бугарите

Бугарската страна се држи до целосна примена на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, како и почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија.

Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска за БНР, во пресрет на редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, што ќе се одржи денеска во Софија, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања.

Според Генчовска, Бугарија ќе продолжи да го поддржува, како што тврди, „легитимното барање Бугарите во Северна Македонија да бидат вклучени еднакво со сите останати народи, во нејзиниот Устав“, јави дописникот на МИА од Софија.

Еден од главните приоритети, вели таа, е да биде постигнат напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, за изготвување календар за заедничко чествување на личностите од, како што тврди, „заедничката историја, за кои веќе е постигната согласност“.

– Ќе бараме и да започне процес за осовременување на наставните програми во Република Северна Македонија, рече шефицата на бугарската дипломатија за бугарското радио БНР.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина и 24-годишното момче, кое беше во критична состојба по престрелката во која беше убиен Идризи

Редакција

Вонредна инспекција на Универзитетот во Тетово: Како владини функционери напредувале во кариерата?

Редакција

Ахмети се знаел со Фејзи Азири, обвинет во „Монструм“, Османи го посетил семејството на заштитениот сведок Хаки Азири

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница