еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 11 лица, дополнително пријавени уште осуммина

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 11 починати лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (75г, 81г, 86г, 90г, 92г и 97г), 2 лица од Гостивар (70г и 77г) и по едно лице од Струмица (71г), Велес (80г) и Штип (78г).

Од пријавените лица 10 лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1).

Починатите се на возраст од 55г до 91г. Од пријавените лица 2 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 01.02.2021 – 09.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=19), две лица се целосно вакцинирани, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на починати е 8.705.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 1.247 болни од Ковид-19

Нови 1.348 случаи на Ковид-19 од 3.996 тестови, 196 се реинфекции

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 300.000 евра

Редакција

Во текот на пандемијата 446 нови вработувања во јавното здравство

Редакција

Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница