еМагазин
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

ОН: Сегашното глобално затоплување е најсилно во последните 200 илјади години

Глобалното затоплување, кое се забележува сега, е најсилното во последните 200.000 години, изјави Петри Талас, генерален секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).

Според него, настаните во последните 100 години се единствени.

– Почнавме да ги користиме фосилните ресурси на планетата – нафтата и гасот – и тоа доведе до зголемени емисии на јаглерод диоксид во атмосферата, како што се стакленички гасови кои ја зголемуваат температурата во долниот дел од атмосферата.

Толку многу затоплување немало во последните 200.000 години. Постојат многу јасни научни докази дека тоа не би било можно без интензивното согорување на јаглен, нафта и гас, објаснува Талас.

Воедно, тој побара да не се мешаат поимите „климатски промени“ со „флуктуација на времето.

– Промените на времето се случуваат од година во година, ден по ден, секоја недела. Набљудуваме метеоролошки аномалии: понекогаш во некој регион сезоната е многу студена во споредба со претходната година, а понекогаш е многу потопла од претходната година.

Но, мораме да ги следиме глобални и регионални статистики, рече генералниот секретар на СМО, посочувајќи на природните флуктуации како што е природниот феномен Ел Нињо.

Тој направи аналогија со употребата на допинг во спортот.

– Овие флуктуации влијаат на температурите на океаните, како и на просечните глобални температури. Гледајќи ги овие аномалии, на ум ми доаѓа споредбата со светот на спортот.

Земете ги, на пример, скијачите кои покажуваат забележителни резултати, а кога се користи допинг, тие ќе покажат уште подобри резултати. Ја „допингувавме“ атмосферата и таа стана побрза. Затоа сме сведоци на екстремни температури, силни поплави, суши и тропски бури, појасни Талас.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје како гориво ќе користи и лушпи од ориз

Редакција

Пребројани 527.000 гласачки ливчиња: Пендаровски води пред Силјановска Давковка со разлика од 60.000 гласови

Редакција

Убава вест: 556 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница