еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Русија повлекува дел од војниците на границата со Украина, дали ќе има деескалација на напнатоста?

Руското Министерство за одбрана соопшти дека повлекува дел од војниците позиционирани во непосредна близина на границата со Украина.

Како што информираше руското Министерство, некои од војниците се враќаат во своите бази по завршувањето на вежбите, но продолжуваат големите вежби низ земјата.

Засега не е познато за колку војници станува збор.

На оваа тврдење од страна на Русија реагираше Украина.

“Ќе им веруваме на наводите за руското повлекување кога тоа и ќе го видиме. Русија мора да ги повлече сите свои преостанати сили од заедничката граница на земјите“, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеб.

Заедничката воена вежба на Русија и Белорусија пак треба да заврши на 20 февруари. Белорусија, каде се одржуваат овие вежби, исто така граничи со Украина, а истите се одвиваат во близина на границата.

Фото: Руско министерство за одбрана/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

116 земји го поддржаа повикот на Австралија да се спроведе независна истрага за потеклото на Ковид-19

Редакција

Седум лица, од кои две деца завршија во болница поради труење со хлор во базен во хотел во Охрид

Редакција

„Скопски пазар“ ја „тресе“ берзата: Продадени акции за 600.000 евра во четири блок-трансакции

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница