еМагазин
Македонија

Од денеска ковид-тестирања на уште три пункта во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски соопшти дека од денеска ковид-тестирања може да се закажуваат и на пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар.

Според Петличковски, се планира отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје.

Со оглед дека бројката на новозаразени меѓу децата до 14 години е зголемена, Петличковски апелира до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето.

-Апелираме и до учениците и до родителите да го прифаќаат тестирањето, да бидат пореспонсивни кон тестирањето. Затоа отвораме неколку дополнителни пунктови за тестирање.

Во Скопје од денеска пунктовите во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар се активни за закажување на термини и во нив може да се закажуваат тестирањата за ковид преку матичен лекар.

Дополнително планираме отворање пунктови во центрите за јавно здравје со цел тој период кој го воочивме како предолг за закажување на тестирање да го скратиме, истакна Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Минатата недела најголем раст на заболени од Ковид-19 има кај лицата од 10 до 19 години

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како е убиена Вања: Вознемирувачки детали од Обвинителството

Редакција

(Видео) Нè однесе струјата – другарот почна да плива кон другиот другар за да го спаси, но не успеа, вели за Сител првиот Македонец спасен на Халкидики

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница