еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со иста цена

Ново зголемување на цените на нафтените деривати. Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена во следниот седумдневен период.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи цената на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство да се зголеми за половина денар, а цената на дизелот да остане иста.

Согласно новата одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар.

Цената на дизелот останува 74 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда во бруто-износ од 550 денари за акција

Редакција

Во јуни издадени одобренија за градење на 530 станови

Редакција

Голем интерес за обврзницата на ТТК Банка: Обезбеден капитал од 1,5 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница