еМагазин
Image default
Македонија

Уставниот суд не донесе одлука по иницијативата за привилегиите на пратениците

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука по иницијативата на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кои ги оспоруваат точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина.

Судиите не донесоа одлука, бидејќи го немаше потребното мнозинство на гласови.

-Судот не донесе одлука од причини што предлогот не доби потребно мнозинство гласови. Во иницијативата беа оспорени  точките 3 и 4 од Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина (“Службен весник на Република Македонија” бр.106/2006, 143/2007 и 161/2018), информираат од Уставниот суд.

Според подносителите на иницијативата ваквата привилегија се коси со неколку одредби од Законот за пратеници и Законот за Собранието, каде прецизно се наведени финансиските привилегии на народните избраници, меѓу кои не се споменати трошоци за патарини.

Во иницијативата, меѓу другото е посочено дека за извршената општествена должност и придонесот кон заедницата, пратеникот добивал плата и надоместок на плата.

Според подносителите на иницијативата, Собранието со носење на оспорената комисиска одлука донесена на седница на кадровско работно тело составено само од 13 пратеници излегувало од рамките дадени во Уставот и наведените закони предвидувајќи надоместок на трошоците за патарина којшто надоместок како таков воопшто не бил предвиден ниту со Устав ниту со закон.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуденик нападнал затворски полицаец во Идризово

Редакција

Магдалена Несторовска останува на позицијата државен секретар во МВР

Редакција

Иванов нема да гласа: За референдумот за името ќе биде во Њујорк

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница