еМагазин
Image default
Локално

Пронајден мртов маж во возило во Велес

Во Велес утринава е пронајден мртов маж во возило.

Брзата помош констатирала смрт, а увид извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител од ОЈО Велес.

– Денес во 9:10 часот на улицата „4- ти јули“ наспроти местото викано „Авона“ во Велес бил пронајден мртов маж. Била повикана Брза помош која утврдила смрт кај лицето В.Т.

Екипата на Брза помош повикала полиција која направила увид на местото на настанот, вели во изјава за МИА, Ристе Самарџиев од СВР Велес.

Со увидот треба да се утврди која е причината за смртта.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангелов очекува следната недела да има информации за штетата на мостот „Беласица“

Редакција

Летале алати и ножеви во тепачка во Тетово

Редакција

Сите детали: Убиено едно лице во угостителски објект во Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница