еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Руски проектил погоди станбена зграда во Киев

Министерството за одбрана на Украина сподели видео на нивниот Твитер-профил на кое се гледа како руски проектил погодува станбена зграда во Киев.

Жителите во украинскиот главен град Киев трето утро се будат од експлозии и сирени за напади, а борби почнаа и во самиот град. Истрели има и во близина на центарот на градот.

Во националното обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Украинците ќе останат и ќе се борат за својата земја и ја обвини Русија дека цели на цивилната инфраструктура.

Портпаролот на Зеленски рече дека претседателот го прифатил рускиот предлог за преговори и дека е подготвен да разговара за мир и прекин на огнот.

Фото: Твитер/Министерство за одбрана на Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија ги затвора училиштата и универзитетите до средината на март, поради опасноста од ширење на корона вирусот

Редакција

Трите лица, меѓу кои и 14 годишно момче, во импровизираниот верски објект во Црвени Брегови, починале од труење со јаглерод моноксид

Редакција

Уставниот суд ја запре забраната за движење за лица до 18 и над 67 години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница