еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) За време на преговорите во Харков убиени девет цивили од кои три се деца

Додека вчера се водеа мировни преговори помеѓу Украина и Русија во укранскиот град Харков, втор по големина, во руски напад биле убиени најмалку девет цивили, од кои три се деца, велат украинските власти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Преговорите се тешки, руската страна е крајно пристрасна

Путин има три услови за да ја прекине инвазијата во Украина

Информацијата ја соопшти градоначалникот, Ихор Терехов.

„Денес имавме многу тежок ден. Тоа ни покажа дека ова не е само војна, ова е масакр на украинскиот народ“, соопшти тој на својот профил на Телеграм.

„Ракети погодија станбени згради, убивајќи и ранувајќи цивили. Харков не видел таква штета долго време. И ова е ужасно“, соопшти тој, потенцирајќи дека четири лица излегле од прифатилиштето за да добијат вода и биле убиени.

“Семејство од двајца возрасни и три деца изгоре живо во својот автомобил“, рече тој.

Повредени се уште 37 лица.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот на Харков ја обвини Русија за „геноцид“ врз цивилното население и за воени злосторства.

Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Твитер/видео: Украинска правда/Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на Реплек прогласена за најдобра HR практика за вработените за 2024 година

Редакција

Вагон од возот кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје излизгал кај Кадина река, нема повредени патници

Редакција

Светски ден на водите: Ученици се уште пијат вода од бунар и од цистерни во нашата земја

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница