еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Нападнат воено-медицинскиот клинички центар: Борбите во Харков се разгоруваат, откако руски падобранци се спуштиле во градот

Нападите на вториот по големина украински град Харков се интензивираат и денеска откако руски падобранци слетале во градот.

Украинската војска потврди дека руските падобранци слетале во Харков во обид да го заземат опколениот град, јави Би-Би-Си.

Според украинската војска, воздушниот напад започнал токму кога почнале да се огласуваат сирените за воздушен напад во Харков и околниот регион.

Во соопштението се додава дека руските војници нападнале регионална воена болница и дека борбите се во тек.

Харков беше епицентар на голем дел од насилството забележано во Украина во последните денови и беше цел на гранатирање.

Вчера проектил го погоди седиштето на локалната власт на вториот по големина град во Украина околу 8 часот по локално време. Друг напад се случи подоцна во текот на вчерашниот ден во една од станбените населби во Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна нападот го нарече воено злосторство.

Најмалку 17 лица загинаа вчера во Харков, а десетици се ранети, според официјални лица од Службите за вонредни состојби.

Некои експерти шпекулираат дека артилериските напади врз станбените населби би можеле да бидат обид на Русија да ја ослабне решеноста на Украина за борба, посочува Би-Би-Си.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украинците со голи раце ги сопираат руските возила: Снимки кои го обиколија светот

(Видео) Русите со проектили ја уништија главната телевизиска кула во Киев

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Твитер/Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идната министерка за финансии, Ангеловска: Ќе вложам максимум во домаќинско раководење со парите на граѓаните

Редакција

Антикорупциска поведе прекршочна постапка за Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и уште седум поранешни специјални обвинители

Редакција

Рибарењето можен начин за зараза кај третиот случај на конго кримска хеморагична треска

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница