еМагазин
Бизнис

Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви, вели Николовски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот Фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви.

Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат со залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

-Министерствата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка.

Спомнатите количини се во годишните планови за увоз на стопанските субјекти до почеток на жетва со цел, како и секоја година, да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви, објаснува Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Македонија, Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ ги бележи првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот: 1,3 милиони патници опслужени за 11 месеци на скопскиот и на охридскиот аеродром

Редакција

Дизелот поевтинува за еден денар, бензините за денар поскапи

Редакција

А1 Македонија има повеќе претплатници во мобилната телефонија од Македонски телеком

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница