еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Лидерот на бугарската националистичка партија „Преродба“, Костадинов доби забрана за влез во Украина

На лидерот на бугарската националистичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, му е забранет влезот во Украина.

– Забраната е изречена за период од 10 години, кажа Костадинов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на најмалата парламентарна партија во бугарскиот Парламент викендов бил во посета на Украина и Молдавија меѓу Бугарите од Бесарабија.

Костадинов кажа дека без проблем ја минал молдависко-украинската граница, но неколку часа подоцна дознал дека го барале три различни украински служби – воената гранична, полицијата и Службата за безбедност (украинското контраразузнавање).

Му бил одземен бугарскиот пасош и во тој момент, додека ја снимале постапката, го чувале четворица украински војници.

Костадинов постојано прашувал зошто е приведен од украинските власти. Му одговориле дека имаат информации дека е претседател на проруска партија во Бугарија. Потоа, Костадинов бил спроведен до украинско-молдависката граница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Приврзаниците на про-руската партија „Преродба“ го гаѓаа бугарскиот премиер Петков со снежни топки

МИА/Фото: Фејсбук/Костадинов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Домаќинот на „Отворен Балкан“, Вучиќ ги пречека Димитров и Рама во Белград

Редакција

ТАВ Македонија: Поради маглата на скопскиот аеродром откажани 9 лета, 4 пренасочени

Редакција

Руско МНР: САД организираа нефер гласање во македонскиот Парламент

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница