еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Во Штип отворена Спомен соба на поранешниот претседател Глигоров

Денеска во Штип беше отворена Спомен собата на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

Сместена е во Општинскиот мултимедијален центар што го носи неговото име, а се презентирани негови лични предмети, фотографии, документи, ордени и признанија кои му биле доделувани во текот на неговата долгогодишна политичка кариера.

Во трајна сопственост на градот Штип и на Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ им ги отстапи неговата ќерка Донка Глигорова.

На отварањето присустуваше и премиерот Зоран Заев и неговиот соопартиец, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и други преставници на власта.

Новоизградениот Мултимедијален центар во Штип, кој го носи името на Киро Глигоров е изграден со европски пари.

Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишна елка на желби во Рамстор мол: Хуманитарна кампања на компанијата со Црвен крст

Редакција

Кампањата на “EVN Online“ со награда на Balcannes

Редакција

Премиера на претставата „Сите сме птици“ на Слободан Унковски, на 17 декември во МНТ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница