еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Повеќе од 500 цивили убиени во Украина, бројките се веројатно значително повисоки, велат од ОН

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека потврдила 1.424 цивилни жртви од почетокот на инвазијата врз Украина пред две недели.

Канцеларијата за човекови права на ОН прецизира дека 516 луѓе се убиени, а 908 се повредени, но дополнува дека верува дека реалните бројки се „значително повисоки“.

Канцеларијата посочува дека повеќето жртви биле предизвикани од експлозивно оружје, вклучувајќи гранатирање и ракетни и воздушни напади.

Во извештајот се додаваат ажурираните бројки од градовите Волноваха, додека од Мариупол и Изиум се уште се потврдуваат по наводите за стотици цивилни жртви.

Русија негира дека целела цивили во нејзината инвазија на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

(Вознемирувачко видео) Голема материјална штета, нема загинати во нападот на детската болница во Мариупол

(Вознемирувачко видео) Три деца меѓу 22. убиени цивили во украинскиот град Суми

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина 48-годишен мотоциклист од Ваташа

Редакција

Албанскиот треба да се изедначи со македонскиот јазик, смета Гаши

Редакција

Стефановски пливаше за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница